Helping heart – јакна за бездомници на која може да се донира по едно евро со бесконтактна картичка

104

jakna-za-bezdomnici

Холандската независна медиумска компанија N = 5 дизајнираше јакна што може да ја носат бездомници, а ќе им овозможи на луѓето да донираат пари за нив преку картичка за бесконтактно плаќање, пишува Indy 100.

“Овие денови со себе имаме или малку или воопшто не носиме готовина. Од друга страна, голем е бројот на луѓе кои сакаат да им помогнат на бездомниците, но сметаат дека доколку им дадат пари, тоа ќе значи дека поддржуваат некоја нивна зависност. Поради тоа, се обидовме да им го олесниме начинот на луѓето да им помогнат на оние на кои тоа им е најпотребно“, вели Силвија ван Хофт, вработена во N = 5.

jakna-za-bezdomnici-1

Во јакната е вграден иновативен уред што им овозможува на луѓето да донираат по едно евро со едноставно доближување на нивната картичка на обележаното место на јакната.

Јакната го носи името Helping heart што значи Срце што помага, цитат на холандската кралица Максима.

Оваа јакна е иста како и останатите зимски јакни, а она по што е различна е можноста за бесконтактно плаќање. На предниот дел на јакната има одбележано место каде може да се доближи картичката и да се донира по едно едно евро.