Хемофарм ја презема компанијата Иванчиќ и синови

33

hemofarm

Фармацевтската компанија Хемофарм од Вршац го презема имотот на компанијата Иванчиќ и синови. Овој бизнис потег е инициран, меѓу останатото, од желбата дополнително да му се помогне на здравствениот систем во Србија, преку унапредување на снабденоста на пазарот со квалитетни и достапни производи, стои во соопштението.

Компанијата Хемофарм, која е членка на германската Штада група, ги презема производите, погонот за производство во Стари Бановци, вработените и интелектуалниот имот на Иванчиќ и синови.

Повеќе од 30 производи на Иванчиќ и синови и понатаму ќе останат на пазарот под истите имиња.