Хенкел ќе гради фабрика во БиХ од седум милиони евра

32

henkelГерманската компанија Хенкел наскоро во Билеќа, Босна и Херцеговина, ќе почне со изградба на фабрика за производи во прав на база на цемент, како што се лепила за плочки, премази, малтери и маси за нивелација. Вредноста на инвестицијата е околу седум милиони евра, изјави Волфганг Цетл, директор на компанијата Хенкел за централноисточна Европа.

“Со оваа инвестиција ја истакнуваме силната верба во економијата на БиХ и мило ни е што можеме да обезбедиме долгорочни работни места и со тоа да придонесеме за економскиот развој на оваа земја”, изјави Цетл.

Тој додаде дека Билеќа е избран поради погодностите за снабдување со суровински материјал и извоз на производи. Производите ќе се извезуваат во Хрватска, Црна Гора и Албанија.

Планирано е производството да започне кон средината на следната година.

Основана во 1876 година, Хенкел е водечка компанија во областа на производство на детергенти, козметика, лепила и технологии. Компанијата, во која се вработени 47.000 работници, минатата година оствари профит од 16,5 милијарди евра.