Henkel отвора нов погон во Србија

72

Bref

Во Крушевац, Србија, денеска ќе биде пуштен новиот производен погон Bref на компанијата Henkel. Во новата фабрика се инвестирани 21 милиони евра.

“Најновата повеќемилионска инвестиција во Bref фабриката е од големо значење, како за компанијата Henkel, така и за економијата на Србија, затоа што се отвораат нови работни места”, стои во соопштението на компанијата, пишуваат српските медиуми.

Henkel во 2002 година ја купи српската компанија Мерима. Сега од погоните во Крушевац снабдува пазар од 55 милиони потрошувачи во регионот. Од овде, производите се дистрибуираат во 22 европски земји.

До денес, Henkel во фабриките во Србија има инвестирано преку 160 милиони евра.