Henkel во БиХ гради фабрика за снабдување на регионот

21

henkelГерманската компанија Henkel во септември минатата година, во Билеќа, БиХ, започна со подготовки на теренот за изградба на нова фабрика за производство на градежни лепила на база на цемент од водечкиот бренд Ceresit. Како што пишува Ослобоѓење, подготовките се при крај и во првиот дел од оваа година ќе започне изградбата на фабриката. Првите производи од фабриката се очекуваат на почетокот на 2015 година.

Инвестицијата е во вредност од седум милиони евра. Фабриката ќе биде изградена според највисоки стандарди и ќе биде опремена со најсовремена технологија, велат од Henkel БиХ за весникот.

Планираниот капацитет е 100.000 тони. Капацитетите на фабриката се проектирани врз база на планот од оваа локација да се снабдуваат пазарите на Хрватска, Црна Гора и Албанија.