Фото: Indiegogo
Американскиот старт – ап Smart Bike дизајнира паметна камера за велосипед со што ќе се зголеми безбедноста на велосипедистите во сообраќајот.
Камерата се поставува на задниот дел од велосипедот и се поврзува со паметен телефон и функционира како камера за безбедност. Бидејќи камерата е сместена на задниот дел од велосипедот, велосипедистот на екранот од својот телефон може да ја следи состојбата на сообраќајот зад него без да ја врти главата. Исто така, со помош на Hexagon може да им сигнализира на возачите во која насока ќе се движи, односно дали ќе врти лево или десно и кога ќе застане.
Со користење на вграден сензор, Hexagon може да открие дали се случила несреќа и автоматски ќе ги извести лицата кои се наведени како итни контакти на телефонот на велосипедистот.
Камерата има батерија од 6.000 mAh што може да послужи за полнење на телефонот.
Smart Bike започна кампања на платформата за групно финансирање Indiegogo за изработка на камерата под назив Hexagon, а чини 99 долари.