Хил: Отворен Балкан е создавање на смисла за добрососедство

104

Отворен Балкан е создавање на смисла за добрососедство. Тој прави границите да не разделуваат, туку да спојуваат и она што е важно за секоја регионална интеграција, особено во Западен Балкан е да се биде отворен, истакна Кристофер Хил, амбасадор на САД во Република Србија и поранешен американски амбасадор во Северна Македонија.

На денешната конференција „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“ во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, Хил посочи дека поентата на Отворен Балкан е да се креира чувство на заедништво и начин на функционирање со соседството.

Според него, регионалната интеграција е важна, како и границите кои не ги делат луѓето, туку обединуваат. – Отворен Балкан создава добрососедство и го олеснува протокот на движење на границите.

Поентата на иницијативата е да се создадат начини на соработка со соседите, истакна амбасадорот Хил.