Hilton отвора 700 работни места за работа од дома

332

Хотелската компанија Hilton најави отворање на 700 нови работни места со полно работно време од дома, со што значајно ја проширува својата програма за кариера на далечина и флексибилна можност за работа ширум Соединетите Американски Држави.

Новите работни места од дома се отвораат во склоп со тимот Хилтон резервации и грижа за потрошувачи, а работниците од дома имаат еднакви права како и останатите вработени, вклучувајќи ги и можностите за раст и напредување во кариерата.

Овие се работни места во САД, но со денешните технологии и можностите коишто се нудат, може да се реализираат речиси секаде во светот, пишува Business Wire.

Одредени европски земји имаат и други облици на флексибилност како што е работно време кое предвид го зема престојувањето на детето во училиште или градинка, работно време кое би барало работење во време кога има премногу работа во поединечни дејности (хотели и време за оброк на гостите…), работа во време кое работникот го пријавил дека е слободен да работи.

Hilton е водечка хотелска групација, со портфолио на 17 брендови од светска класа, којашто има скоро 6.000 имоти со повеќе од 954.000 соби, во 117 земји.

Фото: Pexels