HiPhi A е футуристички хипер ЕВ со спектакуларни перформанси

59

Кинескиот ЕВ го забележа своето деби на Салонот за автомобили во Гуангжу и ветува забрзување од место до „стотка“ за 2 секунди

Нов спектакуларен електричен автомобил пристигнува од Кина, но овој пат станува збор за прилично посебен модел бидејќи ветува неверојатни перформанси, а истовремено се одликува со необичен стајлинг. Станува збор за HiPhi A, кинески хипер ЕВ кој делува молскавично брзо, како со своите перформанси, така и со својот изглед.

Делува препознатливо благодарение на основната форма која ја добива од лифтбек седанот HiPhi Z, претставен од Human Horizons минатата година. Но, HiPhi А ја зголемува моќта и визуелната агресија подеднакво за да испорача чудовиште со три електромотори.

HiPhi А го користи својот единечен заден мотор и двојните предни мотори за да испорача вкупно 1.305 КС помеѓу сите четири тркала, што го прави речиси двојно помоќен од двомоторниот Z со 670 КС на кој се базира. A кога станува збор за перформансите, HiPhi A може да стигне од место до „стотка“ за нешто над 2 секунди, пред да достигне максимална брзина од 300 км/ч.

Компанијата HiPhi, која вели дека суперавтомобилот со четири врати е резултат на соработката со WESAIL New Energy Automotive, го опреми A со управување на задните тркала, адаптивно амортизирање и можности за векторирање на вртежниот момент, а тврди дека перформансите во свиоците и сопирањете се зголемени за 15 проценти и 10 проценти во однос на помалку екстремното Z. Каросеријата која и онака привлекува големо внимание е направена уште попривлечна со додавање на големо задно крило, пошироки тркала и гуми, мат боја и облоги од карбон.

Нема информации за цените во оваа фаза, ниту дали моделот ќе дојде во Европа, каде што HiPhi има намера да го продава „обичниот“ Z и SUV моделот X.

Преземено од Avtoplus.mk