Hisense ги повлече акциите Gorenjе од берзата

22

Новиот сопственик на Gorenjе, кинеската корпорација Hisense, реши да ги повлече акциите на компанијата од берзата.

Hisense е сопственик на 95,42% од акциите во Gorenjе, а на малите акционери ќе им понуди 12 евра по  акција, што е еднакво на цената со којашто пред три месеци ги откупи акциите и на големите акционери.

Gorenje од вчера има и проширена управа каде што влегоа нови шест претставници од Hisense, пишува Biznisinfo.ba. Поранешните членови на надзорниот одбор поднесоа отставки, а претседателот на раководството на Gorenjе, Фрањо Бобинач, ќе остане на позицијата уште некое време.

Gorenje има 11.000 вработени, а освен својата матична компанија во Словенија има производствени погони во Чешка и Србија.

Фото: Gorenjе