H&M “купува” стара облека

45

Шведскиот текстилец H&M на купувачите што ќе донесат стара облека ќе им дава ваучери, но нивната вредност се уште не ја откриваат. Овој проект за рециклирање на облека засега ќе се спроведува само во Швајцарија, но понатаму ќе се прошири и во преостанатите 48 земји каде што има H&M продавници.

“Било какво парче облека, без разлика во каква состојба е и кој го произвел, ние ќе го примиме. Купувачот ќе добие подарок ваучер за секоја вреќа облека што ќе ја донесе”, соопштија од компанијата.

Собраната облека понатаму ќе и се предава на I:Collect, глобална компанија за рециклирање, која ќе ја транспортира и ќе ја селектира во фабриката во Германија. Рециклираниот материјал ќе може повторно да се употреби за правење облека или пак за други производи, како на пример за чергичиња или за материјали за изолација во автомобилската индустрија.