ХНБ: Банките не би требало да ги користат еурибор и либор, тоа е коцкање

27

HNB“Ние во ХНБ (Хрватска народна банка) сметаме дека банките не би требало да ги користат еурибор и либор како референтни стапки, затоа што со тоа пренесуваат непотребен ризик на граѓаните, сметаме дека тоа е коцкање. Капитално ќе ги казнуваме банките што ги користат”, предупреди вчера Ведран Шошиќ, вицегувернер на ХНБ, на тркалезната маса на мазагинот Банка и Хрватското здружение на банки.

Шошиќ смета дека при дефинирање на параметрите за одредување на каматните стапки, банките треба да ја користат националната референтна стапка (НРС) на просечен трошок на финансирање на хрватскиот банкарски сектор како најмалку лошо решение, затоа што еурибор и либор не го одразуваат вистинскиот трошок на домашното финансирање.

“Со новите одредби на Законот за потрошувачко кредитирање, самиот законодавец воведе дополнителен ризик одредувајќи дека банките каматните стапки мораат да ги врзат за некоја референтна стапка, затоа што Хрватска нема таква стапка, поради неразвиеноста на домашниот пазар на пари и високата евроизираност на системот”, вели вицегувернерот.

Според податоците што ги изнесе Шошиќ, банките како референтна стапка главно ги избрале еурибор или либор. За еурибор се врзани 34% станбени кредити и 44% камати за потрошувачки кредити, што смета дека е многу лошо решение.

“Кога би сакале, нашите банки би можеле да го местат и НРС, па апелирам сите одговорно да се однесуваме кон НРС. Регулаторот не може да ги затвори сите дупки. Ако нешто не е со закон забрането, не значи и дека е дозволено. Репутацијата е се”, порача хрватскиот вицегувернер, пренесуваат хрватските медиуми.