ХНБ ќе го кредитира стопанството со 510 милиони евра

25

kuniХрватската народна банка (ХНБ) на пазарот ќе ослободи 510 милиони евра преку намалување на стапката на задолжителна резерва за 1,5 постотен бод, од 13,5 на 12%.

Ова беше одлучено на состанокот меѓу гувернерот Борис Вујчиќ и домашните банкари, претставници на управите на осум домашни водечки банки, на тема дополнително стимулирање на стопанството, пред се на инвестициски проекти преку кредитни линии на банките, пишува Пословни дневник.

Претходно се калкулираше дали овие пари ќе се ослободат преку намалување на стапката на задолжителна резерва или ХНБ на друг начин ќе им понуди бескаматни кредити на банките. На крај е одлучено да се намалат задолжителните резерви, но овој пат парите на пазарот многу построго ќе се контролираат, отколку што тоа беше случај во претходните обиди.

Каматната стапка за фирмите во последните две години е во пад, просечно изнесува околу 6%, па се очекува преку овој модел да се спушти на околу 4%, како што беше и во претходните програми.

Од централната банка повторуваат дека основниот проблем на земјата не е во монетарната политика и количината на пари што е во оптег, туку во деловната клима и опкружувањето кое е многу полошо од конкурентските земји. На забрзување на растот може понагласено да придонесе само подобрување на конкурентноста на домашната економија на основа на опсежни структурни реформи, наведуваат аналитичарите на ХНБ во последниот билтен.