ХНБ: Значително намалени СДИ од јануари до септември лани

62

hrvatska narodna banka

Странските директни инвестиции (СДИ) за деветте месеци од минатата година во Хрватска изнесуваа 666,1 милиони евра, што е значително помалку во однос на истиот период во 2014 година, покажуваат податоците на Хрватската народна банка (ХНБ), пренесува ХРТ.

Доколку се исклучи ефектот на таканаречените кружни вложувања, износот на странските директни инвестиции во период од јануари до септември 2014 година беше на ниво од 1,3 милијарди евра, што е намалување од 651,9 милиони евра.

“Нето приливот на капитал по основ на странски директни инвестиции во првото тримесечје на 2015 година значително се намали во однос на истиот период претходната година. Главна причина за тоа е конверзијата на кредитите во швајцарски франци, поради коишто во третото тримесечје е забележана висока негативна задржана добивка во дејноста финансиско посредување, па и вкупната задржана добивка на страна на обврските беше негативна“, велат аналитичарите на ХНБ.

Според податоците, поради продажбата на Творница духана Ровињ (ТДР), најголем дел од инвестициите односно 518,3 милиони евра, отпаѓаат на оваа дејност, а меѓу земјите во деветте месеци од 2015 година приматот го има Велика Британија, којашто во Хрватска вложила 586,4 милиони евра.