Холандија: Банкоматите преку ноќ се затвораат поради напади со експлозив

28

Банките во Холандија, во период од 23 до седум часот наутро, ги гаснат банкоматите. Причина за тоа, според тамошните медиуми, е борбата против криминалците кои користат експлозиви за да ги ограбат банкоматите.

“Нападите на локациите каде што се подигнува готовина се лош сигнал за општеството. Затоа, не можеме само немо да гледаме како се случуваат експлозии на неколку дена, посебно во близина на домови на луѓе“, вели Крис Бујинк, претседател на Холандската банкарска асоцијација.

Оттаму доаѓа одлуката да се стават надвор од употреба банкоматите во тој период од денот, поради поголема безбедност. Оттаму велат дека затворањето на банкоматите нема да има големо влијание на достапноста за готовина, бидејќи помалку од 2% од подигнување на парите се врши преку ноќ.

Фото: Pixabay