Холандија, Шведска и Норвешка – земји во коишто најдобро се зборува англиски јазик

408

Англискиот јазик со право e светски јазик, бидејќи во голема мера ја олеснува глобалната комуникација и важи за еден од најкористени јазици во земји од неанглиско говорно подрачје.

Според истражувањето на EF Education First, Холандија е земја од неанглиско говорно подрачје во којашто најдобро се зборува овој јазик. Во групата земји каде што англискиот јазик одлично се зборува се вкупно 14 земји и тоа: Шведска, Норвешка, Данска, Сингапур, Јужна Африка, Финска, Австрија, Луксембург, Германија, Полска, Португалија, Белгија и Хрватска.

Во истражувањето, вкупно 100 земји се групирани во пет групи: првата веќе ја споменавме, а другите три се – високо, средно, ниско и многу ниско ниво.

Во втората група земји се најдоа вкупно 15, а од нив од регионот се: Романија, Србија, Грција и Бугарија. Во групата на средно ниво влегуваат 17 земји, меѓу кои и: Франција, Шпанија, Италија, Кина, Куба. Во претпоследната група влегуваат 23 земји, меѓу кои и: Албанија, Русија, Украина, Виетнам, Јапонија… Земји, пак, во кои е ниско нивото на познавање и користење на англискиот јазик се 30 земји, меѓу нив и: Саудиска Арабија, Ирак, Авганистан, Монголија, Катар, Турција…

Нашата земја ја нема на листата.

Фото: Pexels