Холандски архитект ќе гради куќи со 3D принтер

56

xl_3d_houseХоландски архитект дизајнираше куќа без “почеток и крај” која треба да се изгради користејќи го најголемиот 3D принтер, технологија која може еден ден да се користи и за “принтање” на куќи на Месечината.

Џенџаб Руеснарс од Архитектонскиот Универзитет во Амстердам сака да испринта објект во форма на Мебиусова лента, кој ќе биде со површина од околу 1.100 метри квадратни, користејќи го масивниот D-Shape принтер.

Принтерот, дизајниран од Италијанецот Енрико Дини, може да принта површина од шест на шест метри квадратни, користејќи компјутер за додавање на слоеви со дебелина од 5 до 10 милиметри.

Руеснарс вели дека објектот може да служи како дом или музеј и ќе има делови направени од принтан бетон составен од парчиња камења, споени со емулзија, додека фасадата ќе биде изградена од челик и стакло.

“Наша амбиција е да ја направиме првата принтана куќа. Досега со овој принтер правевме уметнички дела и објекти за одбивање на бранови од морето. Ова е прв пат да градиме објект во кој ќе може да се живее”, Руеснарс изјави за AFP.

Тој додаде дека првобитниот план не бил да се принта градбата, но hi-tech медиумот излегол дека е најсоодветен.

3D-Printed-House-Amsterdam-468x263

“Почнавме да размислуваме во насока зданието да биде како пејзажот околу него, со цел да направиме објект што нема да и наштети на природата. Дојдовме до заклучок дека суштината на пејзажот е тоа што нема почеток и крај, тој е бесконечен”, додаде Руеснарс.

Кога се обидувале да направат мал модел од објектот тој увидел дека што и да употребат, од хартија до олово, треба да направат лента и истата да ја свиткаат за да направат Мебиусова лента.

“Но со 3D принтерот можевме целата структура да ја направиме така што никој не можеше да забележи каде е почетокот, а каде е крајот. Работејќи заедно со холандскиот математичар и уметник Ринус Роеловс и Дини во Италија го вградивме целиот модел во компјутер,” рече архитектот.

Национален парк во Бразил веќе се заинтересира за зданието, за чија градба би требало да се издвојат четири милиони евра. Зградата исто така има опција да се изгради во САД, како приватен дом.

За комплетирање на овој проект ќе бидат потребни околу 18 месеци, а принтерот може да биде активен пола година.

331236_269364116466418_888092795_o

“Сето ова покажува дека е возможно да се принтаат вистински 3D куќи и дека постои нов начин за “производство” на градби,” додава дизајнерот на принтерот, Дини.

Дини, кој се откажа од својата добро платена работа како дизајнер во индустријата за обувки, за да го изгради овој огромнен принтер, вели дека 3D принтањето на згради останува како хибрид процес кој мора да се надопоплнува со други техники на градење за да може да функицонира во практиката.

“Една од предностите на принтерот е што може да се однесе некаде и потоа да се принта со земјиштето кое се наоѓа на локацијата. На пример можеш да го однесеш на Месечината, таму да го составиш и да принташ со материјал од таа почва”, Руеснарс додава.