Холанѓанец по три години го заврши најдолгото патување со електричен автомобил

23

Холанѓанецот Виби Вакер, по три години патување, вчера конечно ја заврши својата авантура во Сиднеј, Австралија.

Тој заедно со својот со електричен автомобил, наречен Blue Bandit, тргна на 15-ти март од својата родна земја на патување низ светот како дел од иницијативата Plug Me In.

Целта на Вакер беше да ги инспирира и едуцира луѓето да користат електрични автомобили како еден од начините за зачувување на животната средина, пишува The Star.

Тој помина вкупно 1.119 дена и 95.000 километри возејќи се во својот електричен Volkswagen Golf низ 33 земји во светот, од Европа, Блискиот Исток, Индија и Југоисточна Азија.

Попатно на Вакер му помагале странци, нудејќи му сместување и храна, како и полнење на неговиот автомобил.

Фото: Facebook