Холцхаузен: BMW i3 личи на парче мебел од Икеа!

29

bmw-i3BMW i3 изгледа како парче мебел од Икеа, изјави Франц фон Холцхаузен, шеф на дизајнерскиот тим на Tesla Motors во интервју за германскиот магазин Autobild. Фон Холцхаузен ја пофали внатрешноста на моделот i3, но истовремено додаде дека дизајнот на неговата каросерија го смета за чуден и непотребен. Покрај тоа рече дека овој електричен автомобил не може да се вклопи во познатиот слоган “ултимативна возачка машина”, затоа што всушност нема никаква врска со основните стандарди на BMW.

Фон Холцхаузен вели дека Tesla е при крај со работите околу Model X и почнуваат проект на производство на нов седан кој нема да наликува на Model S, затоа што не сакаат да имаат автомобили со ист изглед, какви што има Audi.