Холограм помага во борбата против илегалното паркирање на места за лица со хендикеп

21

hologram

Автомобилот се приближува до означено паркинг место за лица со хендикеп и во еден момент во воздухот се појавува холограм, пишува порталот Russia beyond the headlines.

На холограмот се појавува човек во инвалидска количка кој вели: “Застани! Ова не е слободно место!“.

Зад овој проект стои рускиот портал Dislife за луѓе со ограничени можности, којшто започна во мај оваа година. Главната цел е да се обрне внимание на забранетото паркирање на места за лица со хендикеп. Од мај досега ова видео има над три милиони прегледи.

Холограмот се прикажува со помош на проектор и ситни капки вода коишто се распрскани во воздухот.

Вакви холограми се поставени во неколку трговски центри во Москва.