HoloVit – проѕирен екран што прикажува холограми

127

f3_ivp2tc

Американски старт – ап креираше холографски систем за приватна употреба. HoloVit овозможува гледање на холограми што се проектираат на проѕирен екран преку паметни телефони, таблети, лаптопи и телевизори.

Проектот има и своја кампања на Indiegogo, преку која се надеваат дека ќе соберат 18.000 долари за производство и продажба на HoloVit.

Сè што треба да направи корисникот е да ја постави оптималната далечина на екранот и уредот од којшто ќе проектира холограм. Фотографиите и видеата оживуваат дури и во осветлени соби, што е голем предизвик за многу проектори, а корисниците можат да снимаат и споделуваат свои холограми на социјалните мрежи.

Екраните доаѓаа во три димензии со цени што ќе се движат од 79 долари па нагоре и ако се оди според планот првите HoloVit уреди се очекуваат да бидат испорачани во септември.