Honda најави 30 возила како дел од ЕВ офанзивата од 40 милијарди долари

75

Honda ја најави новата стратегија за следната деценија најавувајќи инвестиција вредна 40 милијарди долари во електрификацијата и нови софтвери

Јапонскиот производител Honda ќе произведе лансира 30 електрични возила на глобално ниво до 2030 година, со цел да произведува повеќе од 2 милиони електрични автомобили на годишно ниво како дел од новата стратегија за следната деценија вредна 40 милијарди долари.

Електрични модели за секој регион

Електричната постава со 30 нови возила вклучува различни модели за различни региони. Покрај ова, Honda ќе лансира и два електрични суперавтомобили, односно „специјално“ возило и модел знаменосец кои ќе го пренесат „возачкото уживање“ во електричната ера.

За вториот дел од деценијата, Honda ќе ја пушти во употреба новата платформа посветена за електричните возила наречена Honda e: Architecture почнувајќи од 2026, комбинирајќи ги најновите хардверски и софтверски решенија. По ова, ќе следува серија на „достапни електрични возила“ за кои производителот вели дека ќе бидат конкурентни со конвенционалните возила кога станува збор за цената и опсегот на движење.

Батерии и производство на електрични возила

Honda најави и изградба на ЕВ производствена линија во Северна Америка, заедно со две нови ЕВ фабрики во Кина со цел да го поддржи таргетот од 2 милиони електрични автомобили на годишно ниво. Со цел да ги произведе сите овие возила, на Honda и е потребно големо количество на батерии, па поради тоа ќе биде во потрага по партнерства.

Освен тоа, јапонскиот бренд ќе вложи 342 милиони долари во цврсти батерии, а демонстрациското производство ќе започне на пролет 2024 година. Првиот производствен модел со цврста батерија ќе биде претставен во втората половина од деценијата. Буџетот за вкупните трошоци за истражувања и развој за следната деценија ќе изнесува 64 милијарди долари.

Софтверски услуги и карбон неутралност

Покрај лансирањето на нови модели, Honda сака да заработи повеќе пари преку софтверски услуги, пристапувајќи кон своите електрифицирани производи како „терминали“ поврзани преку „cross-domain платформа“. Ова ќе биде потпомогнато преку нови алијанси со останати бизнис сектори, како и инвестирање во стартапи.

Honda ја менува својата организациска структура со фокус на технологијата и новокреираните Business Development Operations, заминувајќи ги претходните дивизии поврзани со производите. Компанијата го рационализираше својот тековен бизнис, на пат да ги намали трошоците за 10% од 2018 година. Бројот на варијации (опрема и опционална опрема) на глобалните модели е повеќе од преполовен од 2018 година, придвижувајќи се кон целта да се намали на една третина до 2025 година.

Во согласност со светскиот тренд на декарбонизација, Honda сака да постигне карбонска неутралност за сите свои производи и корпоративни активности до 2050 година. Сепак, оваа цел нема да се постигне само со замена на конвенционалните мотори со батерии, туку со „разновидност на решенија за сите нејзини производи за мобилност“ прилагодени на секој регион. И покрај тоа што неодамна го прекина производството на единственото возило со водородни горивни ќелии во својата постава (Clarity), Honda сè уште верува во ова решение, како и во заменливите батерии, иако не беше дадена конкретна временска рамка за нив.

Преземено од Avtoplus.mk