
HONDA повлекува речиси 250.000 возила поради дефект во производството што може да го оштети моторот, јавува CNN.
Според известувањето што производителот на автомобили го поднесе до американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата во четвртокот, дел од моторите на моделите Acura и Honda е неисправен и може да предизвика „неправилно функционирање или застој на моторот додека возите, зголемувајќи го ризикот од пожар, судар или повреда“.
Повлекувањето ги вклучува моделите „Акура Ти-ел-екс“ 2015-2020“ и „Ем-ди-екс 2016-2020“. Потенцијално засегнати се и „Хонда Одисеј“ од 2018. и 2019 година, „Пајлотс“ од 2016., 2018. и 2019., како и „Риџлајн“ произведени меѓу 2017. и 2019 година.
Ова е 14-то повлекување автомобили на Honda оваа година и петто најголемо досега. Со ова отповикување, бројот на возила на Honda повлечени во 2023 година е повеќе од три милиони.
Хонда соопшти дека сопствениците ќе бидат известени со писмо на почетокот на јануари и дека дилерите ќе ги проверуваат, поправаат и заменуваат моторите бесплатно.