Honda снима реклама во Хрватска

87

1

Јапонскиот произведувач на автомобили Honda ја одбра Хрватска за снимање на рекламен спот за редизајнираната верзија на Honda Civic. За снимањето се користени државните автопатишта и делови од градот Риека.

4

Градот Риека е избран во остра меѓународна конкуренција, а еден од критериумите бил атрактивност на локацијата, стои на интернет страната на хрватското министерство за море, сообраќај и инфраструктура.

3

На проектот учествувале околу 200 луѓе од Британија, Холандија и Словенија. Поголемиот дел од снимањето е направено во доцните вечерни часови или рано наутро, за да може сообраќајот нормално да се одвива. Проектот е во организација на Honda Europe од Лондон.

5

2