Хонг Конг гради вештачки остров од 80 милијарди долари

22

Фото: Pixabay

Хонг Конг ќе потроши околу 80 милијарди долари за изградба на вештачки остров, пишува CNBS. Островот, што се очекува да биде еден род најголемите во светот, ќе се протега на површина од 1.000 хектари. Основна цел на изградбата на овој остров е поради “сериозен недостиг од земја за градење“.

Новата “земја“ ќе се гради во близина на островот Лантау и ќе обезбеди 260.000 станбени единици.

Инаку, Хонг Конг е дом на околу 7,4 милиони жители. Располага со сопствени закони, има своја валута, а традицијата на транспарентност и ниски даноци овозможија да прерасне во глобален финансиски центар. Високата побарувачка, а слабата понуда на имот, доведоа до вртоглаво високи цени на недвижностите во последните години.