Hoopy е екстра лесен дрвен велосипед што може да се прилагоди за возрасни од било која висина. Доаѓа со рамка од иверка, резервни гуми и има простор за чување на намирници и слично. Флексибилната рамка може лесно да се адаптира за да биде ставен мотор.
Тука се и детални инструкции што ќе ви покажат како да го направите вашиот модел, од наоѓање на дрво до составување на рамката. Целиот процес може да биде комплетиран за само два дена. Парчињата се сечат со алати, па се лепат со епоксиден лепак.
Рамката од дрво тежи само три килограми, а целиот комплетиран велосипед од 12 до 14 килограми. Истиот може да се прилагоди за висина на човек од 1,5 метри до 1,9 метри и може да издржи до 200 килограми. Секој велосипед понатаму може да се персонализира со различна боја или лак.
Во зависност од деловите што ќе се решите да ги нарачате, еден основен модел ќе ве чини 331, додека инструкциите 40 долари, а компанијата што ги продава деловите за Hoopy се вика Wooden Widget.