Hortum machina, B – градина робот што сама ја бара светлината

25

Hortum-machina-B-by-Interactive-Architecture-Lab-3-1020x610Вилијам Виктор Камилјери и Данило Сампајо, двајца студенти од UCL (University College London), дизајнираа и изградија номадска, самодвижечка и самоодгледувачка градина наречена Hortum machina, B. Името иницира дека карактеристиките на проектот се половина органски, а половина роботски, пишува Inhabitat.

Сместена во голема геодетска сфера, подвижната градина е завиткана во роботско јадро од алуминиум коешто ги надгледува растенијата како реагираат на околината. Јадрото ја движи целата конструкција на начин што им помага на растенијата да ги задоволат своите потреби за сончева светлина.

Како што велат дизајнерите, ако на растенијата во долниот дел на градината им недостасува светлина, индивидуалните панелки се вртат сè додека растенијата не добијат доволно светлина. Hortum machina, B може да се помрдне на друга локација ако на градината ѝ е потребна сенка или ако воздухот е загаден. Изумот е само еден начин да се покаже како природата, технологијата и луѓето можат да соработуваат во еден град.

Движечката градина беше неодамна тестирана во Лондон. Сите растенија во неа беа земени од околината каде што беше изложена, а машината ја придвижуваше сончева панелка. Во градината исто така има вграден систем за вода.

Hortum-machina-B-by-Interactive-Architecture-Lab-8-1020x610Hortum-machina-B-by-Interactive-Architecture-Lab-6-1020x610Hortum-machina-B-by-Interactive-Architecture-Lab-4-1020x610