Хотели со нова услуга: Лаборант во хотелска соба тестира гости

25

Хотел во хрватскиот туристички бисер, Дубровник, од први април на своите гости ќе им нуди нова услуга. Лаборант во соодветна опрема доаѓа во хотелските соби и ги тестира гостите.

“Цената на тестирањето не е секогаш вклучена во цената на собата, но во зависност од должината на престојот на гостите може да се резервира и пакет. Резултатите од ПЦР тестот ќе бидат на хрватски и англиски јазик“, наведуваат од хотелот Хилтон Империал во Дубровник.

Но, тој не е единствениот хотел во Дубровник што прават поголеми напори за зачувување на здравјето на гостите. И други сместувачки капацитети нудат можност за тестирање на гостите во самите објекти, но и прилагодување на цените кон светските трендови.

И јадранските луксузни хотели нудат можност за тестирање на гостите кои бараат таков вид на услуга, а таа пракса ја планираат за клиентите и за во иднина, додека постои потреба и интерес за таква услуга, пренесува Slobodna Dalmacija.

Фото: Pixabay