Хотелите во оваа земја очекуваат околу 600 милиони туристи за една недела

113

На први октомври во Кина започнува Златната недела, кога стотина милиони Кинези одат на одмор, а оваа година поради пандемијата поголемиот дел од нив ќе изберат некоја од дестинациите во земјата, пишува Ројтерс.

Туристичките агенции во Кина со нетрпение го очекуваат почетокот на Златната недела, период во којшто голем број Кинези одат на одмор, па со оглед на ситуацијата најголем дел од нив бараат сместување во тамошните хотели.

Некои летови на националните линии веќе се распродадени, а платформите за резервација на патувања регистрираат голем интерес.

Туризмот не само во Кина, туку и на глобално ниво го плати највисокиот данок од корона кризата, па се очекува овие осум денови да му помогнат во заздравувањето од последиците. Според официјалните податоци, минатата година патувале 782 милиони Кинези, од кои повеќе од седум милиони отпатувале во странство.

“Побарувачката за туристички патувања што беше во мирување во изминатите девет месеци најверојатно ќе се ослободи во тие осум дена“, сметаат аналитичарите, кои проценуваат дека оваа година околу 600 милиони Кинези ќе заминат некаде на одмор.

Фото: Pexels