Хотелот Бурж Ал Араб ја отвори својата луксузна летна тераса

26

BAA_Island_Development_2308_011Престижниот хотел во Дубаи, Бурж Ал Араб, официјално ја отвори својата летна тераса за гости, пишува Forbes.

Терасата во форма на палуба се протега на површина од 1.003 метри квадратни и во нејзе се сместени 32 климатизирани луксузни летни кабини со батлер, мини бар, машини за еспресо и телевизор, 400 лежалки за сончање, базен со свежа вода, солен инфинити базен, ресторан, четири џакузи, приватна плажа со бел песок и бар. На дното на базените се наоѓа мозаик со златна и сина боја составен од 10 милиони парчиња.

Конструкцијата е дело на фински експерти за градење на бродови и јахти и истата беше составена на бродоградилиште во Финска. Потоа, палубата со тежина од дури 5.000 тони беше транспортирана на шест дела и составена на лице место во хотелот.

Една двокреветна соба во хотелот чини 2.700 долари, додека за ноќевање во најлуксузниот кралски апартман треба да платите 19.000 долари.

5757109722621771227319158395BAA9