Hövding 3 – кацига за велосипедисти што се отвора како воздушно перниче

84

Шведскиот бренд Нövding претстави заштитна кацига за велосипедисти, што се разликува од вообичаените решенија на пазарот.

Hövding 3 функционира како воздушно перниче, односно се активира во случај на удар. Според низа истражувања спроведени на Универзитетот Ѕtanford, оваа “кацига“ е осум пати побезбедна од останатите варијанти.

Доколку не е активирана, таа изгледа како еден вид на ремен што се носи околу вратот. Но, доколку сензорите детектираат нагли, невообичаени движења кацигата се отвора за 0,1 секунда и формира заштита на вратот и главата.

Батеријата трае до 12 часа, а Hövding 3 се поврзува и со апликација на смартфон преку Bluetooth, пишува Designboom. Во случај на несреќа, корисникот може преку апликацијата да контактира со луѓе.

Цената на производот е 310 долари, а кацигата досега ја купиле над 185.000 велосипедисти.

Фото: Hövding