ХП ја држи водечката позиција во САД и во светот кон пазарниот удел во сегментот на персоналните работни станици

68

Компанијата ХП денес објави дека агенцијата за истражување на пазар ИДЦ изјави дека, ХП за прв пат на американскиот пазар, има најголем пазарен удел во категоријата на работни станици и дека во текот на второто тромесечје оваа година во истата категорија ја забележа водечката позиција на светскиот пазар.

Во текот на претходните тромесечја пазарниот удел на ХП значајно порасна, како и достигнувањето на уделот од 47,6% во сегментот на работните станици во САД. ХП и понатаму останува светски предводник во категоријата на мобилните работни станици со пазарен удел од 41,8%, а водечки е и во мешаната категорија на работни станици, со удел од 46,2%, стои во извештајот на IDC Worldwide Workstation Tracker од 8-ми август оваа година, за овогодинешното второ тромесечје.

Уделите во регионот на ЕМЕА ( Европа, Среден Исток и Африка) исто така се поголеми од оние во САД и во светот:  49,4% изнесуваат уделите во мешаната т.е. 50,3% во категоријата на мобилните работни станици.

„Во овие тешки економски услови корисниците очекуваат решенија кои ќе им помогнат во зголемувањето на продуктивноста т.е. враќање на вложеното,“ истакна Џим Зафарана, потпредседател и генерален директор на работните единици на ХП Commercial Solutions Business Unit. „Работните станици З на ХП се користат во светот за дизајнирање на различни производи, од спортски обувки до филмски проекти, затоа што им овозможуваат на корисниците перформанси, квалитет и вредност потребни за создавање на следните големи работи во индустријата.“

Работните станици на ХП ја задоволуваат потребата на некои од најбараните индустрии како работа со компјутери, вклучувајќи ја анимацијата, филмската и видео монтажа, графички дизајн, компјутерски дизајн, архитектура, фотографија, ХД видео продукција, производство, финансии, здравство, научна фотографија како и нафтено и плинско истражување.