HP креираше нова линија на компјутери отпорни на антисептици

22

hp-laptop-1037930_960_720

Фото: Pixabay

HP најави нова линија лаптопи, дисплеи и десктоп компјутери отпорни на антисептици што ги користат луѓето кои работат во болниците, пишува The Verge.

Компанијата претстави три производи – HP серија на сè-во-едно или EliteOne 800 Healthcare Edition, 27-инчниот екран HP Healthcare Edition Clinical Review и лаптопот EliteBook 840 Healthcare Edition.

Лаптопот овозможува  “исклучување“ на тастатурата и екранот на допир додека го чистите, така што ништо нема да биде случајно внесено или избришано. Трите модели се креирани за да бидат отпорни на сите антисептички средства за чистење, што исто така помага да се намали ширењето на инфекции.

HP има вклучено и неколку други карактеристики специјално наменети за да им помогнат на здравствените работници. Екранот на лаптопот го препознава допирот од луѓе кои носат хируршки ракавици, а има и читач на отпечатоци. Работниците на сите три модели можат да се пријават со допирање на нивните работни идентификации на екранот, благодарение на RFID читачи.