HR – catalyst of transformation: 11-та меѓународна конференција за човечки ресурси во Македонија

26

Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) ја организира 11-тата меѓународна конференција за човечки ресурси во Македонија, HR – catalyst of transformation.

Оваа HR конференција ќе се одржи на 20-ти мај, Интернационалниот HR ден, во хотелот Double tree by Hilton. Нашиот портал и оваа година медиумски ќе го поддржи овој голем настан.

“Имајќи предвид дека промената е единствената константа во денешното работно опкружување, на овогодишната конференција ќе се обидеме да ви дадеме увид и да ви претставиме разни добри практики кои може да се согледаат како поттикнувачки, но исто така и како пример за вашиот следен чекор и промени во вашата организација, или како менаџер со човечки ресурси, или како извршен директор. Како да се направат организациите поефикасни и успешни во нивната работа преку перспективата на човечките ресурси?“, велат организаторите на настанот.

Дел од предавачите коишто ќе имате можност да ги слушнете на овогодинешната конференција се:

Pino Mercuri – HR директор на Microsoft Италија.
Martha Mylona – Сениор директор на Korn Ferry Advisory и поранешен претседател на Greek People Management Association – GPMA.
George Pavlidis – Академски директор на постдипломски студии за клиничка невропсихологија и когнитивна невропсихологија на Универзитетот Sheffield.
Jana Repansek – Директор на Center of Excellence in Finance – CEF.
Danail Kanchev – Менаџер на бизнис операции во Receipt Bank.