Храна за подобар сон

110

banani

Фото: Pexels

Брзото темпо на живеење, зголемениот број работни часови и стресот придонесуваат за пореметување на сонот. Проблемот со спиење е значително изразен за време на летните денови кога топлината си го прави своето.

Добра вест е што постојат одредени намирници што можат да помогнат при проблеми со спиењето.

На пример, рибата содржи многу витамин Б6, којшто е одговорен за формирање на меланин, чие дејство пак се одразува во одржување на цврст и здрав сон. Лососот и туната имаат најмногу витамин Б6.

Чајот од камилица исто така помага при проблеми со сонот. Затоа, ако не можете да заспиете, испијте една шолја ваков чај и веднаш ќе почувствувате опуштање на телото.

Треба да внимавате со месните преработки, тие содржат многу сол. Солта може да го зголеми крвниот притисок и да предизвика дехидрираност. Истото важи и за кофеинот, попладневното кафе може да направи проблем со спиењето, со оглед на тоа што оваа состојка се задржува во вашето тело и до 12 часа.

Витаминот Б го има многу во пилешкото бело месо, бананите, компирот, лешниците и мешункастите плодови.

Цинкот кој што исто така е потребен за добар сон ќе го најдете во јаткастите плодови, разни семиња и интегралните житарки.

Железото и калциумот најмногу ги има во темнозелените лиснати зеленчуци, сувото овошје, односно во јогуртот, млекото, сирењето и брокулите.