Храната продолжува да поскапува – светските цени со најголем скок во последната деценија

15

Во мај светските цени на храната скокнаа на највисоко ниво во скоро една деценија, зголемувајќи се за 40 % во однос на претходната година.

Ова го објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на храната на ФАО се зголемува 12 месеци по ред за да го достигне највисокото ниво од септември 2011та година, водени од поголемите трошоци за растителни масла, шеќер и житни култури.

Цените се зголемија за 4,8% во споредба со април, најбрз раст на месечно ниво од октомври 2010-та година, и за скоро 40% во споредба со мај 2020-та година.

Во мај, индексот достигна 127,1 поени – само 7,6% од својот пик во февруари 2011-та година, соопшти ФАО.

Наглиот пораст на цените на храната доаѓа исто така кога пандемијата со Ковид-19 исфрла милиони луѓе од работа, додавајќи го стравувањето за безбедноста на храната, кои веќе се високи како резултат на конфликтите и климатските промени.

ФАО истакна дека цените на житните култури се зголемија, “дури и кога светското производство на житни култури е пред достигнување на нов рекорд“.

Во посебен извештај, ФАО соопшти дека очекува зголемување од 1,9% на производството на житни култури во оваа година на рекордни 2,82 милиони тони.

И покрај зголемувањето, од ФАО велат дека глобалниот сооднос на искористените залихи на храна се очекува да падне на 28,1%.