Христина Фуна прогласена за најуспешна жена менаџер од Битолски весник

672
h. funa
Христина Фуна, финансиски директор на Синпекс (средина)

Битолски весник викендов на свечена манифестација додели признанија за Најуспешни битолчани во 2013 година. Од 150 кандидати, наградата за жена менаџер ја доби Христина Фуна, финансиски директор на компанијата Синпекс.

“Наградата особено ме израдува и изненади од една единствена причина што бев предложена и изгласана од моите битолчани и тоа со голем број на гласови. Воедно истата е голем предизвик за натамошна упорна работа и примена на досега добиените знаења. Уживам во својата работа, барам нови бизнис предизвици и сакам да применувам нови методи и начини со управување со човечкиот капитал. Голема заслуга за мојот развој како менаџер имаат обуките што ги имам овие две години во ЦЕЕД Македонија, од кои не само што се едуцирам по најновите светски менаџерски техники, туку имам можност од нетворкинг настаните да учам од искуствата на сопствениците или менаџерите на најголемите македонски компании. Се надевам во иднина ќе ја оправдам веќе добиената награда и ќе заслужам и други признанија”, изјави Христина Фуна по добивањето на признанието.

На манифестацијата беа доделени над 35 признанија во разни области. Признанието во чест на починатиот автор на песната Битола мој роден крај, Ајри Демировски, го доби групата Љубојна. Наградата за животно дело ја доби познатиот битолски хирург Константин Нича.

Ова е 15-ти пат како Битолски весник избира најуспешни битолчани. Весникот оваа година слави јубилеј, 50 години од излегувањето на првиот број.

Интервјуто со Христина Фуна можете да го прочитате овде.

funa 1

funa 3

funa