Хрват дизајнира копачки за Роналдо, Нејмар и Модриќ

60

1Денис Дековиќ (39) живее во Портланд, шеф е на одделот на Nike за дизајн на сите производи врзани со фубалот и е на “ти” со најголемите ѕвезди во овој спорт, пишува хрватски 24сата.

Дековиќ, кој е роден во Пореч, од секогаш сакал да црта. Искрата што ја запалила неговата фантазија еден ден да стане дизајнер за патики била кога негов пријател со кој заедно тренирале кошарка во клубот во родниот град, му покажал цртеж од патики за кошарка. По многу исцртани тетратки со скици на патики, преку дизајнерот од Пореч, Љубо Јовановиќ и Давор Мрдежа, менаџер во Lotto, со кој играле кошарка, стигнал до сопственикот на оваа компанија. На Алберто Каберлото му се допаднале дизајните на Денис и му понудил работа. На 19 години се сели во Италија. По пет години поминати во Lotto се сели во САД, каде му требале цели 10 години за да стигне еден од клучните луѓе на Nike.

Сега Денис и неговиот тим дизајнираат копачки за најголемите ѕвезди во светскиот фудбал. Негов потпис ќе носат копачките што на своите нозе на 12 јуни на отворањето на СП во Бразил ќе ги носат Нејмар и Лука Модриќ. Двајцата се манекени на Nike, како и Кристијано Роналдо. Иако многу време минува со големите имиња, Хрватот кој од тинејџер што си цртал во тетратките стана еден од најреномираните дизајнери во светот на спортот, открива дека фаворит, сепак му е Нејмар.

2