Хрват заработува од чистење вошки и гниди

87

hair-958257_960_720

Фото: Pixabay

Горан Влах од Загреб нуди услуга како професионален истребувач на гниди и вошки, пишува Slobodna Dalmacija. Кога пред неколку години неговите деца добиле вошки, тој дошол на идеја да заработува од давање на ваква услуга низ цела земја.

“Пред неколку години моите деца првпат добија вошки, ќерката која беше прво одделение беше релативно мирна и можевме да ги исчистиме, но потешка беше работата со тригодишното дете. Чекавме да заспие и тогаш почнуваше акцијата, сопругата го вклучуваше светлото на мобилниот телефон, а јас пребарував по главата“, вели Влах.

Цената на третманот чини од 10 до 40 евра, во зависност од должината на косата и бројот на пронајдени вошки и гниди. Работа, како што вели тој, има многу. Само во Загреб, според неговите проценки, 20% од децата се заразени со вошки, а во Осиек дури 50%.

Кога други родители и пријатели се соочиле со истиот проблем, тој ја понудил својата помош.

“Помагав на соседи, пријатели, а мојата сопруга даде идеја да наплаќам за оваа услуга“, вели Влах, кој во неговата техника на истребување на вошки користи формула на база на оцет и регенератор за коса. При третманот на истребување користи лампа и лупа, а на главата става пластична капа за еднократна употреба. Најдолгиот третман траел девет часа кај девојче кое имало долга коса и во вакви случаеви цената може да достигне до 80 евра.