Хрватите навалија на шопинг во Србија, а еве што купуваат

114

Бидејќи Србија ја отвори границата, Хрватите може да патуваат таму без пречки и ограничувања, а Славонците почнаа да ја користат оваа можност и почнаа да купуваат основни продукти во поевтините српски продавници“, се вели во репортажата на хрватската телевизија RTL.

Хрватите може да патуваат во Србија под речиси исти услови како пред 12-ти март кога границата беше затворена. Во Србија влегуваат само со лична карта, без тест на Ковид-19, и што е најважно, без задолжителна изолација од 14 дена.

Најчесто се купува тутун, којшто е поскап за третина во Хрватска.

Една кутија цигари од човек може да се донесе во Хрватска. Од алкохолни пијалаци може да се пренесе еден литар жесток алкохол и 16 литри пиво. Во исто време, на хрватските граѓани им се советува да го прескокнат купувањето свежо месо, сувомесни производи и храна за домашни миленици затоа што тоа нема да може да го внесат во Хрватска. За 100 куни или 13 евра, може да се купат четири големи пакувања кафе.

Жителката на Осиек, вели дека во Србија оди за да купи лекови, сокови, сè што е поевтино во Србија.

“На едно одење може да се заштедат околу 300-400 куни (39-52 евра). Исто така, нема застој при повторното влегување во Хрватска. Сè што ве чека на хрватската граница е СМС-порака со забелешка дека доколку се сомневате на инфекција, да се јавите во  центарот 112, како и леток, што ќе ви го даде царински службеник, во којшто пишува да ги намалите контактите со другите луѓе во наредните 14 дена. Нема самоизолација“, вели таа.

Фото: Pixabay