Хрватите сакаат да работат во Икеа – падна страната од големиот број пријави

22

ikea

На огласот на Икеа Хрватска, за вработување на 29 луѓе, за неколку дена пристигнале преку 900 пријави, јавуваат хрватските медиуми.

Шведската компанија соопшти дека поради големиот број на пријави имало проблеми со работата на страницата, па затоа одлучиле да го продолжат рокот за пријави за уште еден ден.

Икеа има сопствен систем за аплицирање. Пријавувањето оди исклучиво преку интернет страната, се симнува формуларот за одредена работна позиција, се пополнува и потоа се праќа назад во системот.