Хрватите за празниците ќе потрошат над две милијарди евра

23

Потрошувачката за време на празниците во Хрватска се проценува да надмине две милијарди евра (15,3 милијарди куни), што е за 67 милиони евра повеќе во однос на минатата година, пренесува ХРТ.

Рекордната вработеност, зголемување на платите, одличната туристичка сезона и даночните олеснувања, како што се наведува, се факторите што влијаат на зголемување на потрошувачката. Според тамошните аналитичари, поттикот на потрошувачката доаѓа и од дознаките што ги испраќаат Хрватите кои работат во странство.

Викендот пред католичкиот Божик е време кога најмногу се купуваат играчки, облека, козметика, храна. Според ХРТ, во деновите пред празникот се купуваат многу потребни, но и непотребни работи.

Фото: Pexels