Хрватска: Апликација што бара слободно паркинг место

23

rieka

Тројца млади иноватори од Риека, Јурај Јуричиќ, Ерис Маргета и Емануел Шкробоња, ја креаираа апликацијата Паркинг Риека, со чија помош најбрзо и најлесно може да се најде слободно место на некој паркинг во градот.

Со апликацијата се опфатени неколку затворени паркинзи. По инсталацијата, потребна е информација за локацијата на корисникот, според која Паркинг Риека ги наоѓа најблиските паркинзи, дава информација за оддалеченоста и слободните места, а има опција и за навигација, пишува Нови лист.

По одбирањето на паркинг, корисникот добива информација за цената по час и за работното време.

Апликацијата работи на оперативниот систем Андроид.