Хрватска апликација: Со еден клик до фризура

26

hr

Хрватскиот старт-ап Allurebook (Матео Маркоч, Домагој Франц, Тино Шушковиќ), разви апликација за интернет резервација во фризерски салони и салони за убавина којашто во текот на овој месец ќе биде тестирана на пазарот. Освен резервација и паметен пребарувач, кој овозможува најефикасно пребарување на слободни термини во реално време, апликацијата има паметни решенија и за деловните корисници – фризерските и козметичките салони. Покрај календарот и распоредот во реално време, салоните имаат и профил со сите информации, можат да управуваат со администрација и статистика, да ја контролираат ефикасноста на работниците, пишува Пословни дневник.

Апликацијата во прво време ќе биде бесплатна за сите, а подоцна салоните на месечна база ќе плаќаат одреден износ за користење на системот. Целта на овој старт – ап е извоз и ширење на проектот во ИТ развиените земји, а стратегијата на ширење ќе ја засноваат на моделот на франшиза.

Долгорочно, целта им е да ги спојат популарните хрватски салони со туристите на кои им треба ваква услуга за време на престојот во земјата.