Хрватска Arena Hospitality Group го презема белградски 88 Rooms

46

Хотелското друштво Arena Hospitality Gropu од Пула, преку своето друштво Sugarhill Investments, склучи рамковен договор со MK Aviation Services за преземање на хотелот 88 Rooms, хотел со четири ѕвезди во Белград.

88 Rooms е модерен хотел категоризиран со четири ѕвезди и сместен на одлична локација, во Белград, во близина на индустриската зона, а воедно и во близина на културни знаменитости на стариот дел на Белград. Хотелот има 88 комфорни и модерни соби и апартмани уредени по Feng Shui правила, а од останатите содржини гостите имаат на располагање бар, ресторан, фитнес сала, соби за масажа и четири сали за состаноци со капацитет од 200 учесници, пренесува Пословни дневник.

Со оваа аквизиција Arena Hospitality Group продолжува со ширење во странство по бизнис модел на управување со седум интернационални хотели во Берлин, Нинберг, Келн и Будимпешта.

Хрватската групација очекува условите потребни за финализирање на трансакцијата ќе бидат исполнети до крајот на годината, по што српскиот хотел ќе стане дел од нивното портфолио.

Вредноста на трансакцијата е околу 6,2 милиони евра.

Фото: Freepik