Хрватска бесплатна апликација за помош при организирање венчавки

33

iphones

Брачна двојка од Загреб направи апликација што на идните младоженци ќе им го олесни процесот на организација на еден од најубавите, но најстресни моменти – венчавката, пишува Пословни дневник.

Сабина Херман и Златимир Заловиќ пред една година ја креираа апликацијата Моја венчавка. Идејата за ваков потфат доаѓа при организирање на нивната венчавка.

“Во планирањето на нашата венчавка се обидовме да си олесниме со различни табели, to do листи, но бидејќи претходно веќе почнавме со развој на мобилни апликации, ни дојде идејата дека може да направиме една токму на оваа тема“, вели брачната двојка за Пословни дневник.

Апликацијата на корисниците им нуди целосен каталог со сите потребни детали за венчавката. Таа содржи детална листа на задачи прилагодени на датумот на венчавката, календарски подредени, по категории и по завршени задачи. Целата листа веќе има 80-тина такви задачи кои треба да се исполнат, но може многу лесно да се менуваат врз основа на потребите на младоженците.

Апликацијата на корисниците им испраќа нотификации кога нешто треба да завршат, а самата листа е поврзана и со остатокот од апликацијата. Додека планираат, младите имаат увид во нивниот буџет, целосен преглед на листата на гости, план за седење и следење на испратените и одговорени покани, како и различни инспиративни совети за планирање на венчавката.

Досега над 3.000 двојки во Хрватска ја користеле оваа апликација, а своевремено беше на второ место на најсимнувани апликации во Хрватска.

Апликацијата е достапна и во светот преку англиската верзија Wedding diary.