Хрватска бизнис и владина делегација во посета на Македонија

22

Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе одржи билатерална средба со претставници на официјалната делегација на Република Хрватска предводена од министерот за економија на Хрватска, Иван Врдољак.

По средбата ќе биде потпишан на Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Хрватска за изменување и дополнување на договорот меѓу двете влади за трговија и стопанска соработка.

Во рамките на официјалната посета на хрватската делегација во просториите на Стопанската комора на Македонија ќе се одржи и македонско-хрватски бизнис форум, кој ќе го отворат министрите Сарачини и Врдољак.

Форумот има за цел да се воспостават деловни контакти меѓу македонски и хрватски компании од различни стопански дејности.