Хрватска: Дневно се фрлаат по 135 тони пекарски производи

27

lepcinja-pekarski-pixabay

Фото: Pixabay

Во Хрватска секој ден во отпад завршуваат околу 135 тони пекарски производи, јавува ХРТ. Иако земјата уште во 2015 година донесе Правилник за донирање на храна, проблемот е во организација, дистрибуција и логистика на донираната храна.

Многу пекари го враќаат лебот што не го продале, но поради спорниот состав лебот е веќе расипан. Властите во Хрватска подолг период ги разгледуваат можностите за основање на национална банка за храна.

Во Хрватска функционира таканаречената Мрежа на храна, што претставува платформа за заедничко програмско делување на правни и физички лица со цел да се изгради ефикасен национален систем за донирање и дистрибуција на храна во земјата.

Исто така, во хрватскиот град Вуковар, постои и социјалната продавница Дуга. Во оваа продавница се собираат најосновните намирници, како што се брашно, шеќер, сол, тесто, ориз, палента и слично. Овие намирници им се бесплатно достапни на оние луѓе кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми.