Хрватска доби над две милијарди евра од ЕУ за поддршка на руралниот развој

75

zemjodelstvo traktor

Европската комисија ја одобри програмата на Хрватска за рурален развој за период до 2020 година заедно со уште 23 програми на европските земји и регионот, пишува порталот Croenergo.eu.

Од Европскиот земјоделски фонд за рурален развој (EAFRD), кој располага со вкупно 99,6 милијарди евра за период од 2014 до 2020 година, Хрватска има на располагање две милијарди и 26 милиони евра.

“Една од главните предности на нашиот концепт на рурален развој е тоа што имаме шест клучни приоритети, но секоја земја членка или регион осмислува програми прилагодени на својата состојба“, изјави Фил Хоган, комесар за земјоделство и рурален развој на Европската унија.

Програмите што ги донесе Европската комисија овозможуваат финансирање на повеќе динамични проекти, од модернизација на земјоделството и поттик на генерациска обнова во Хрватска и Романија, до воведување на широкопојасен интернет во ретко населени места и поддршка на органско производство во Шведска.