Од 8 декември, донираната храна во Хрватска ќе биде ослободена од данок на додадена вредност (ДДВ), кога на сила ќе стапат измените на Правилникот за ДДВ.
“Република Хрватска за прв пат има регулирани правила за донирање на храна за да се запре поразувачкиот требд на фрлање на храна, но и за да може донираната храна да се најде на чиниите токму на оние на кои им е најпотребна”, вели министерот за земјоделие Тихомир Јаковина, пишува хрватски Лидер.
Според претходно објавени податоци, во Хрватска годишно се фрлаат околу 400.000 тони храна.